Денеска е објавен календарот на натпревари за новата сезона во Премиер лигата, на 5 август со дуелот меѓу Кристал Палас и Арсенал ќе започне новиот шампионат во најатрактивната фудбалска лига.
Наредниот ден ќе игра англискиот и европски вицешампион Ливерпул кој му гостува на Ливерпул, а во останатите натпревари на 6 август ќе се сретнат: Борнмут – Астон Вила, Лидс – Вумверхемптон, Лестер – Брентфорд, Њукасл – Нотингем форест, Тотенхем – Саутемптон и Евертон – Челси.
Првото коло во Премиер лигата ќе заврши наредниот ден со дуелите на екипите од Манчестер, шампионот Сити му гостува на Вест Хем, додека Јунајтед игра против Брајтон.
Големото дерби помеѓу на двете најдобри екипи во последните неколку години, меѓу Ливерпул и Манчестер сити ќе се игра во октомври на „Енфилд“.
Поради Светското првенство во Катар, Премиер лигата „ќе паузира“ од 14 ноември до 26 декември.