Home » Мане: Ако не ги кренев рацете, топката ќе ме погодеше во лице и ќе завршев во болница

Мане: Ако не ги кренев рацете, топката ќе ме погодеше во лице и ќе завршев во болница

by Журнал.мк

Натпреварот меѓу Баерн и Интер во Минхен немаше резултатска важност. Но, и покрај тоа и двете екипи сакаа победа, Баварците имаа цел да остварат максимален учинок во групата, а Италијанците да се реваншираат за поразот од Милано.

Еден од клучните детали од дербито се случи на почетокот на натпреварот, откако по удар на играч на Интер, Мане играше со рака. Многумина очекуваа најстрога казна за Интер, но сепак словачкиот судија Крузлиак по ВАР прегледите реши да не покаже на белата точка. По натпреварот Мане имаше оправдување за ваквиот потег:

„Тоа беше силен удар, ако не ги кренев рацете топката ќе ме погодеше в лице и ќе завршев в болница. Мислам дека е дозволено да се користат рацете за заштита на лицето. Tоа не беше пенал“.

Bayern Inter.

El árbitro Kruzliak no sancionó penal en Champions a pesar que las manos de Mané van al balón y no el balón a la mano. El motivo?

Usó sus manos para protegerse el rostro del pelotazo. Es legítimo! pic.twitter.com/GXMWBNheA8

—  Arturo Magallanes (@Arturo_M13) November 1, 2022

Инаку, дури петнаесет камери го снимиле спорниот детал од кој се гледа дека Сенегалецот играл со рака. Овој момент се случи при резултат 0-0, а потоа германскиот тим постигна два гола и извојува уште една победа во групната фаза во Лигата на шампионите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More