-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Манастирлиу: Во Албанија во последните две седмици петпати повисок број на новозаразени, вакцинирајте се

Најчитани вести

Во Албанија се влошува епидемиолошката состојба со Ковид-19, што го потврдува и податокот дека во последните две седмици потврдени се над 3.500 новозаразени.

-Епидемиолошките податоци од последните две седмици покажуваат зголемување на новозаразените за петпати во споредба со претходните две седмици. Во Инфективната болница има 84 пациенти. Некои од нив се во посериозна состојба и се на интензивна терапија. Заеднички именител на повеќето пациенти во овие августовски денови, кои се во најтешка форма на болеста, е тоа што не се вакцинирани, информираше преку видеопорака, министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу.

Со цел поголема заштита, таа најави дека и септември ќе биде отворен месец за масовна вакцинација, апелирајќи до граѓаните што поскоро да ја искористат оваа можност, за да го заштитат здравјето и животот.

-Септември ќе биде клучен месец за зголемување на опфатот со имунизација, затоа одлучивме и тој да биде отворен месец за вакцинација на секој граѓанин над 18 години. Да ги искористиме овие денови за да го заштитиме животот и здравјето, со што е можно побрзо вакцинирање, за да гарантираме напредок на новата учебна година што се ближи, на нашите деловни активности и секојдневниот живот, апелира Манастирлиу.

Во видеопораката, Манастирлиу посочува дека се преземени сите мерки, со зајакнати капацитети ,за да се справат со уште еден бран на коронавирусот.

Апел до граѓаните за масовна имунзација упати и премиерот Еди Рама, во објавената вест дека прситигнала нова пратка од 43.512 дози вакцини од Фајзер. Според него, во Албанија до сега пристигнати се 1.899.172 вакцини а аплицирани се вкупно 1.386.713 дози.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com