7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Мамиќ: Првиот човек на Тотенхем ми ги наплати дресовите од Модриќ !

Најчитани вести

Поранешниот прв човек на повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо Загреб, Здравко Мамиќ избега од судските власти во земјата за да не издржува затворска казна и сега живее во БиХ. Во БиХ неодмана одлучија дека нема да го екстрадираат назад во Хрватска. Бегалецот Мамиќ кого го товарат во Хрватска за финансиски малверзации при продажбата на фудбалерите сега открива интересни приказни кога ги правел трансферите.

-Даниел Леви, претседателот на Тотенхем според мене е најспособниот преговарач во светот на фудбалот. Имав доволно време да го искусам тоа и го почитувам. Ќе ви кажам една интересна и вистинита случка кого го правевме трансферот на Лука Модриќ, што зборува како тој ги штити интересите на клубот. Откако го договоривме трансферот на Модриќ, културно го замолив да ми даде пет дреса од Лука. Леви ме испочитува. Ми даде пет дреса, но од фактурата за трансферот која изнесуваше 23 милиони евра, беше минусирана вредноста на дресовите. Тоа беше неверојатно за мене. Но, покажува како тој ја цени секоја пара што клубот ја троши – раскажува Мамиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести