23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Малтешки политичар го пофали Салвини за стопирањето на организираниот криминал со масовната миграција

Најчитани вести

Локалниот советник од Малта, Жустин Шембри, го пофали италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој ѝ се спротивстави на Европската Унија за миграциското прашање, не дозволувајќи неговата земја да биде соучесник во бранот на организиран криминал што се случува во Средоземното Море, пренесува „Брејтбарт“.

Споменувајќи го повтореното ветување на Салвини дека сè додека е тој на функција, никој нема да влезе во Италија без дозвола, Шембри рече дека посакува лидерите на неговата земја да го следат Италијанецот.

„Имате политичар што е подготвен да истапи и да го брани она во што верува и тоа треба да се цени. Во минатото, големите лидери на нашата земја исто така истапуваа и ја бранеа Малта во согласност со тоа во што веруваа, и така треба да биде“, напиша Шембри во објавата на „Фејсбук“.

Член на Националистичката партија на Малта (ПН), Шембри, рече дека и покрај емотивното негодување против него, Салвини се однесува како што треба да се однесува секој политичар.

„Можеби многумина го нарекуваат Салвинирасист, но тој е веројатно разумен човек затоа што сака да го запре овој планиран шверц и истовремено да не дозволи неговата земја да биде соучесник во овој бран организиран криминал“, рече Шембри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести