20.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Малта прифатила 65 мигранти од германскиот спасувачки брод

Најчитани вести

Владата на Малта, по разговорите со Европската комисија и германската влада, синоќа прифати да преземе 65 бегалци од германскиот брод на кој му е забрането да вплови во пристаништето на италијанскиот остов Лампедуза.

Воен малтешки брод ќе ги преземе мигрантите и ќе ги однесе во пристаништето во Малта.

,,Сите лица кои се спасени веднаш ќе бидат испратени во други земји на ЕУ. Ниту еден од мигрантите нема да остане во Малта, бидејќи овој случај не е во надлежност на малтешкиот власти”, се вели во соопштението на нивната влада.

Одлуката да се пренасочи бродот кон Малта членовите на екипажот ја донеле само неколку часа откако бродот и покрај забраната впловил во италијанското пристаниште со 46 бегалци, а полицијата веднаш го запенила.

Германскиот брод потоа побара од властите од Малта да дозволат што побрзо и безбедно да пристигнат до пристаништето, откако на тројца од мигрантите и се слошило поради топлина. Малта одговори дека тројцата ќе бидат евакуирани веднаш.

Како знак на благодарност до Малта, членките на ЕУ ќе преземат половина од 58-те мигранти што земјата ги спасила порано.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com