6.1 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Мало учество на граѓаните на протестот во Атина, Мицотакис со коментар за денешниот 24-часовен штрајк

Најчитани вести

Мирно, без проблеми и со мал од одзив од граѓаните на повикот на синдикатите, заврши протестотот во Атина во рамките на денешниот 24-часовен штрајк, а малата излезност ја коментираше и грчкиот премиер Кирајкос Мицотакис преку неговиот официјален Фејсбук профил, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција од 6 часот утрово е без возови, бродови, без вести и информативни емисии, со затворени банки и дел од продавниците, Атина е без метро и со скратено работно време на автобусите, тролејбусите и трамвајот што создаде проблеми низ улиците, а Солун, до утре наутро ќе биде без јавен превоз, поради штрајкот закажан од Синдикатот на работници на Грција, а поддржан и од синдикатот на вработените во јавниот сектор со неколкучасовен прекин на работата.

Во рамките на штрајкот се одржа и протест до грчкиот Парламент, а граѓаните кои денеска протестираа, во разговор со дописничката на МИА од Атина, велат дека новиот закон за развој што владата планира да го донесе во Парламентот, за нив значи газење на работничките права, но и ограничување на правото на штрајк.

Премиерот на Грција преку неговиот официјален Фејсбук профил го коментираше денешниот генерален штрајк.

-Уште еднаш, малкумина штрајкуваат, многумина страдаат, напиша Мицотакис и додаде дека тоа е бидејќи одредени синдикалци реагиираат на транспарентноста.

Грчкиот премиер вели дека нивниот закон предвидува во здруженијата, федерациите и слично, мнозинството да одлучува за ставот на работниците и вклучување на можноста за електронско гласање.

-Ние сме на страната на милионите граѓани кои денеска поминуваат низ тешкотии, бидејќи така сакаше малцинството. Грците веќе се изморија да поминуваат низ тешкотии што се практики од изминатите децении. Време е да одиме напред. И ќе одиме!, напиша грчкиот премиер на Фејсбук.

Активностите на синдикатите и денешниот штрајк го поддржаа и од опозициската СИРИЗА кои преку соопштение вчера ги повикуваа граѓаните масовно да излезат на протест.

Како и секогаш, синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, организираше свој одвоен протест, кој и овој пат беше масовен.

Грција и минатата седмица беше парализирана, поради 24-часовниот штрајк организиран од вработените во јавниот сектор, а поддржан од голем број федерации и работнички здруженија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести