16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Малолетничките во затворот „Идризово„ загрозени од полнолетните осуденички

Најчитани вести

Народниот правобранител Насер Зибери реагира дека малолетничките со воспитни мерки кои се сместени во женското одделение во затворот “Идризово”, не смеат да се таму, зашто се загрозени од нив.

Во меѓувреме, новоотворениот Воспитно-поправен дом Тетово во село Волковија, зјае полупразен. Законот забранува мешање на женски и машки во казнено-поправните установи, но трите малолетнички од “Идризово” може да се преместат во ВП Дом Тетово и да се одделат физички од момчињата, сметаат откај Народниот правобранител.

„Малолетничките се сместени во женскиот дел на затворот Идризово. Тие не се во иста просторија, одделени се, но се во непосредна близина до жените осуденички и се загрозени од нив. Исто толку важно е и тоа што овие девојчиња немаат пристап до лекар, односно до амбулантното возило, зашто тоа се води под затворениот дел и интервенира само во тој дел”, рече Зибери на презентација на Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител.

Девојчињата иако речиси се залепени до просториите на возрасните затворенички, на хартија се водат дека се во полуотворен вид на затворска институција, бидејќи не се осудени на казна затвор.

Зибери кажа и дека од први септември до ден денешен, во ВП Дом Тетово каде во моментов има на воспитни мерки 22 деца и момчиња, не е одржан ниту еден училишен час.

„Каква е таа ресоцијализација во ВП Дом Тетово, кога таму нема образовен процес? Од први септември таму воопшто не се одржува настава”, реагира Народниот правобранител.

Организирањето настава е должност и надлежност на Министерството за образование и наука, кое во случајов на овие 22 плус три деца и малолетници, го крши законот за основно и за средно образование, за секој ученик, ученичка на воспитни мерки, посебно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com