20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Малолетничка тепа врсничка со боксови и клоци, повикана е во полиција

Најчитани вести

Видео на кое се гледа како малолетничка напаѓа и тепа друга малолетничка додека таа бара помош на мобилен од нејзината мајка, се појави на социјалните мрежи. Според првичните податоци за работи за девојчиња на возраст од од околу 11 или 12 години, а локацијата каде е направено видеото е Велес. Очевидец наместо да го спречи насилството, со мобилен телефон го снима настанот. Од полицијата велат дека малолетничката веќе е повикана на разговор согласно постапката за малолетни лица.

Девојчето кое го изврши насилството заедно со родителите е повикано на разговор со социјален работник. Детали за овој настан од МВР ќе соопштат откако ќе се расветли случајот.

Не е исклучена можноста кривична пријава да биде поднесена и против родителите.

Според неофицијални информации, малолетничката која се гледа на видеото како тепа врсничка, била организатор и на други тепачки кои се снимале со мобилен телефон.

Снимките со насилство на дете со дете се честа појава на социјалните мрежи. Настаните најчесто се обелоденуваат откако ќе се појави видео за настанот, по што надлежните постпуваат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести