-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Малолетници не можат да влезат во молови, редарите не им веруваат на годините

Најчитани вести

На социјалните мрежи родители на средношколци посочуваа дека нивните деца не биле пуштани во затворени трговски центри бидејќи редарите им барале сертификат за вакцинација. Некои од нив немале лична карта или друг документ за идентификација со кој би можеле да ја докажат својата возраст, односно дека се малолетни лица

Редари во кафулиња или молови кои треба да проверуваат сертификати за имунизација ги враќаат младите под 18 години и не им дозволуваат да влезат бидејќи немаат лични карти, а и не се обврзани да имаат личен документ до полнолетството со кој би ја докажале својата возраст.
Во таков случај, редарите сами проценуваат дали некој има 18 или не.

Дали децата и младите до 18 години ќе можат слободно да влегуваат во кафулиња, ресторани или молови, самостојно или заедно со нивните родители, откако Владата ги донесе последните мерки за заштита од ширењето на вирусот.

На социјалните мрежи родители на средношколци посочуваа дека нивните деца не биле пуштани во затворени трговски центри бидејќи редарите им барале сертификат за вакцинација. Некои од нив немале лична карта или друг документ за идентификација со кој би можеле да ја докажат својата возраст, односно дека се малолетни лица.

  • Редарот му кажал дека не смее да го пушти внатре зашто според изгледот му личел на полнолетен. Син ми нема лична карта зашто има 16 години. Не знам дали сега да вадиме или, пак, да се шета со Извод од матична книга на родени. Како средношколци над 15 години, кои физички изгледаат повозрасни, да ја докажат својата возраст и да можат да влезат во трговски центар или да седнат во кафуле- прашува мајка на средношколец.

Од Министерството за здравство ни одговорија дека малолетни лица под 18 години не се опфатени со мерките.

Владата пред два дена донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

  • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот САРС-ЦоВ-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против ковид-19 или
  • сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Владата ги задолжи угостителските објекти со капацитет над 30 лица задолжително да воспостават редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката, а во помалите угостителски објекти, контролата на поседувањето на сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com