30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Мали трикови за подобра концентрација

Најчитани вести

Ви претставуваме две лесни вежби што ќе ви помогнат подобро да се концентрирате на работното место или додека учите.

Додека седите, испружете ја десната нога, а левата рака потпрете ја на врвот на столчето. Повторете со другата страна.

Рацете ставете ги зад вратот, десниот лакт повлечете го кон коленото на левата нога. Сменете ја позицијата на рацете и на нозете. Направете по 5 повторувања со секоја страна.

Оваа вежба воспоставува рамнотежа меѓу двете половини на мозокот. Ако сте бавни, поставете си задача дупло да се забрзате.

Вежба-плус За подобра меморија, наизменично гледајте лево-десно 30 секунди. На тој начин се воспоставува подобра комуникација меѓу двете мозочни хемисфери.

Совет-плус: пијте чаеви!

Зелениот чај го намалува ризикот од канцер, развој на артериосклероза, срцеви заболувања, создавање кариес, го регулира крвниот притисок, ја подобрува општата состојба на организмот, го намалува нивото на холестерол во крвта, дејствува антивирусно и антибактериски. Пробајте ја мешавина од зелен чај и чај од јасмин!/ubavinaizdravje.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести