Најмалечкиот модел на Citroen, којшто не е ниту вистински автомобил, туку е четирицикл, заслужи уште една специјална серија. Французите велат дека таа уште повеќе го нагласува карактерот на возилото додека се ужива во природата. Наскоро и Fiat ќе излезе со верзија на My Ami, веројатно под историското име Topolino.
Илјада примероци од новата специјална серија на My Ami Buggy ќе се испорачаат на десет избрани пазари: Франција, Италија, Шпанија, Поргугалија, Белгија, Турција, Грција, Обединетото Кралство, Луксембург и Мароко. Тоа веројатно ќе биде соодветна бројка, затоа што првата серија од 50 примероци од специјалниот My Ami Buggy Ultra-Limited Series се продаде за миг во Франција.
Citroën My Ami Buggy II нема покрив, нема врати, каросеријата е лакирана во каки-боја, со нагласок во жолта боја. Неколку додатоци го претвораат четирициклот во теренско возило: Црните проширувањата на крилата, браниците, заштитните плочи на подот, штитниците за светлата, задниот спојлер и впечатливите раткапни во златна боја.
За случај кога времето ќе се расипе, помош доаѓа од проѕирните покривки за вратите. Необичен детал е отстранливата торба што се сместува во средината на воланот, за сместување дребнулии.
Продажбата ќе се одвива исклучиво преку вебсајтот на Citroën Ami – https://www.citroen.fr/ami – на 20-ти јуни, почнувајќи од 10 часот наутро. Рекордот што треба да се побие е 2 минути и 52 секунди. Толку време му требаше на најбрзиот купувач за претходната специјална серија. Испораките ќе стартуваат во средината на септември.
Од лансирањето во април 2020 година, Citroën Ami се покажа како големо изненадување на сцената на микровозилата. Тој е долг 2,41 метар, вози чисто на струја, батеријата ја полни за 4 часови на обичен „штекер“. Во некои држави во ЕУ, со него можат да управуаат и 14-годишници.
Продажната мрежа исто така е оригинална. Ami се нуди во големи трговски ланци за секојдневни производи, меѓу кои се Fnac и Darty во Франција и Португалија, како и MediaMarkt во Шпанија.
Верно за специјална серија, цената:10.490 евра. Досега од моделот се продадени 35.507 примероци, иако Ami е достапен само на неколку пазари. Од јануари се продава и во Луксембург, наскоро се придружуваат Швајцарија, Малта и Словенија, потоа е на ред Данска.