17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Малезиските власти запленија дрога и повеќе од 5.200 желки

Најчитани вести

Малезиските власти уапсија четири Индијци и запленија повеќе од 14 килограми дрога и 5.000 желки пронајдени во нивниот багаж на аеродромот во Куала Лумпур.

Царинските службеници денеска објавија дека полицијата пронашла 5.255 бебиња од црвеноушести желки во мали кутии во багажот на двајца индиски државјани, кои на 20 јуни пристигнале на летот од Гуангжу, Кина.

Овие луѓе немале дозволи за желките и им рекоа на иследниците дека тие требало да бидат продадени во Индија како домашни миленици. Тие сигурно ќе бидат обвинети и осудени на пет години затвор.

За црвеноушестите желки се потребни дозволи, бидејќи младите желки често носат салмонела и претставуваат ризик за здравјето на луѓето.

Други двајца Индијци беа уапсени бидејќи кај нив беа пронајдени 14,34 килограми метамфетамин, во вредност од околу 174.000 долари.

Овие луѓе, за кои се верува дека се т.н. „маски”, обични луѓе кои носат дрога за криминалци, исто така ќе бидат обвинети, а во случај на осуда им се заканува смртна казна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com