Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна Африка мора јасно да кажат дека сакаат француско воено присуство.
Макрон рече дека Франција ќе организира самит на 16 декември за да разговара за ова со водачите на Мали, Буркина Фасо, Чад, Нигер и Мавританија, земји кои учествуваат во регионалните антитерористички сили.
„Дали сакаат тие да бидеме таму, дали сме им потребни? Сакам јасни одговори на тие прашања“, рече Макрон, додавајќи дека позитивните одговори се предуслов за престојот на француските трупи во Западна Африка, особено откако во Мали протестираа против француското воено присуство.