0 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Макрон: Ќе биде пропуштена шанса ако не се сретнат Трамп и Рохани во Њујорк

Најчитани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе биде штета ако не дојде до состанок помеѓу иранскиот и американскиот претседател, Хасан Рохани и Доналд Трамп, за време на седницата на Генералното собрание во Њујорк.

„Важно е Рохани да не замине од САД без средба со претседателот Трамп. Тоа би била пропуштена можност бидејќи тој нема да се врати неколку месеци, а Трамп нема да замине во Техеран, и затоа треба да се сретнат сега“, рече Макрон на состанокот со Рохани и британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на Генералното собрание на ОН.

САД лани се повлекоа од нуклеарниот договор на светските сили со Иран и оттогаш вршат економски притисок врз Техеран за да престане да ја развива својата нуклеарна програма.

Макрон во понеделникот разговараше со Рохани, настојувајќи да ги намали тензиите меѓу Вашингтон и Техеран и во надеж дека ќе почнат разговори меѓу двете страни.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести