12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Макрон ја откажа посетата на Атина за одбележување на 200 години од востанието за независност на Грција

Најчитани вести

Поради ситуацијата со пандемијата и воведениот карантин во Париз, претседателот на Франција Емануел Макрон ја откажа посетата на Атина и нема да присуствува на воената парада на 25 март по повод 200 години од почетокот на востанието за независноста на Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Од друга страна, потврдена е посетата на премиерот на Русија Михаил Мишустин, кој во Атина ќе пристигне ден порано на 24 март и ќе се сретне со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, а ќе присуствува и на воената парада.

Во Грција, се очекува да пристигнат и принцот Чарлс и претседателот на Кипар Никос Анастасиадис.

Поради пандемијата, парадата ќе се одржи под строги мерки и без присуство на граѓаните кои ќе можат да ја следат на телевизија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести