16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Макрон сака жена за премиер

Најчитани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон би сакал да назначи жена за премиер, изјави државниот секретар за европски прашања Клеман Бон.

Актуелниот премиер на Франција, Жан Кастек ја презеде функцијата во 2020 година, по оставката на неговиот претходник Едуар Филип и неговиот кабинет, пред реконструкцијата на владата.

Емануел Макрон сигурно би сакал да именува жена во Матињон (резиденцијата на францускиот премиер). Но, не треба да ја сведеме целата политичка ситуација на кандидатура за премиер, изјави Бон за француската телевизија БФМТВ.

Меѓу кандидатите кои се разгледуваат за функцијата, како што е наведено во телевизискиот извештај, е и министерката за труд Елизабет Борн.

Вториот круг од претседателските избори во Франција се одржа минатата недела. Министерството за внатрешни работи го потврди Макрон за победник со 58,54 отсто гласови, наспроти 41,46 отсто од неговата десничарска ривалка Марин Ле Пен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com