-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Макрон: Посетата на Хрватска е многу важна за темата Западен Балкан

Најчитани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Загреб изјави дека соработката меѓу Франција и Хрватска е „исклучително важна“ за темата за Западен Балкан и оти, како што рече, знае дека хрватските врски со регионот ќе помогнат во тоа.

Тој оцени дека оваа посета е „секако ново поглавје“ во односите меѓу двете земји.

„Оваа соработка што ќе ја зајакнеме е исклучително важна за темата пред нас, за темата за Западен Балкан, тоа е она што ќе ни овозможи да создадеме нова етапа на Западен Балкан. Знам дека вашите врски во Западен Балкан и ќе ни помогнете во тоа“, рече Макрон по разговорот со шефот на хрватската држава во обраќањето до новинарите, каде што немало прашања.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започна официјалната посета на Хрватска со средба со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ во Пантовчак, каде по формалниот пречек следеше разговор лице в лице.

Потоа, Макрон на сопствено барање положи венец на плоштадот Стјепан Радиќ кај Споменикот на Татковината.

Францускиот претседател и хрватскиот премиер Емануел Макрон и Андреј Пленковиќ во Загреб потпишаа Декларација за стратешко партнерство, а министрите за одбрана на двете земји потпишаа договор за купување на 12 француски бомбардери од типот Рафал.

На заедничката прес-конференција, Макрон рече дека Франција ги поддржува напорите на Хрватска за влез во Шенген зоната како дел од планираната Шенген-реформа, а Пленковиќ рече дека разговорите што ги имале го означиле почетокот на нова фаза во односите меѓу Хрватска и Франција.

Според претходната изјава на хрватскиот министер за финансии, зделката со авионите е во вредност од 1,1 милијарда евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com