Home » Макрон: Кина и САД треба да го платат својот дел за климатските промени

Макрон: Кина и САД треба да го платат својот дел за климатските промени

by Журнал.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на климатскиот состанок COP27 во Египет рече дека сака да изврши притисок врз „богатите неевропски“ земји, особено САД и Кина, да го платат својот дел со помош за сиромашните земји кои се соочуваат со климатските промени.

„Мора да ги вклучиме САД и Кина целосно во прашањето за намалување на емисиите на стакленички гасови и финансиска солидарност“ – рече Макрон во Шарм Ел Шеик за време на средбата со млади Французи и Африканци посветени на климатскиот активизам.

Макрон тврди дека Франција и Европа се на добар пат во однос на намалувањето на емисиите, но дека поголемите земји мора побрзо да постигнат јаглеродна неутралност, пишува „France Presse“.

Агендата на состанокот во Египет го вклучи прашањето за „загубите и штетите“, механизмот за компензација за посиромашните земји за справување со последиците од климатските промени, како и неисполнетото ветување за помош од 100 милијарди долари за земјите во развој за зелена транзиција.

Макрон рече дека „граѓаните на Европа плаќаат“, но дека „тие се единствените што плаќаат“.

Затоа, неопходно е „да се создаде притисок врз богатите неевропски земји и да им се каже дека мора да го платат својот дел“, заклучи францускиот претседател.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More