12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Макрон: Европа до 2030 година да создаде 10 технолошки гиганти

Најчитани вести

Францускиот претседател, Емануел Макрон, претстави амбициозен план со кој Европа во следните десет години, најдоцна до 2030 година, да создаде 10 технолошки гиганти, вредни 100 милијарди евра, во обид да се избори против американските компании кои доминираат во овој сектор.

Поставените цели се дел од европската иницијатива што Франција се обидува да ја подобри кога станува збор за финансирањето нови компании, особено во подоцнежните фази на раст, со цел да ги смести во повисоката лига каде ќе можат да привлечат повеќе инвеститори и врвен персонал.

Од доаѓањето на власт во 2017 година, Макрон се обидува Франција да ја направи старт-ап држава, правејќи ја попривлечна за странските инвеститори преку, на пример, реформата на Законот за работни односи.

Француските напори за создавање компании чија вредност е најмалку милијарда долари се уште се во сенка на сличните американски гиганти.

Макрон минатата година изјави дека очекува Франција до 2025 година да има 25 компании чија вредност ќе биде најмалку милијарда долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com