17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата

Најчитани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе и се обрати на нацијата вечерва во 20:00 часот по локално време, јавија француските медиуми при што најверојатно ќе бидат објавени дополнителни ограничувачки мерки во борбата против коронавирусот.

Претходно денеска, градоначалничката на Париз, Ан Идалго, изјавидека училиштата треба да бидат затворени за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

– Мислам дека училиштата треба да бидат затворени, изјави таа за локални телевизии пред владата да објави нови ограничувачки мерки деенска.

Во Франција вчера беа регистрирани 30.702 нови случаи на коронавирус за 24 часа, со што вкупниот број достигна над 4,5 милиони. Болниците се близу до колапс. Во изминатите 24 часа 188 лица биле хоспитализирани додека 5.072 се на оддели за интензивна нега, што е најголема бројка од средината на ноември 2020 година, кога беше воведена втора блокада во земјата.

Вкупно 95.337 лица починале од почетокот на епидемијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести