17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Макрон: Без Кина и Русија е невозможно да се победи коронавирусот

Најчитани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека вакцините произведени од научниците во Русија и Кина се неопходни за светот да ја победи пандемијата на коронавирусот.

„Мора да соработуваме со Кинезите и Русите, за вакцините развиени од нивните научници да бидат дел од големата глобална борба против пандемијата“, изјави Марон за „Журнал ди диманш“.

Макрон посочи дека се потребни поголеми напори со цел земјите да го забрзаат процесот на вакцинација на населението, имајќи предвид дека новите соеви на коронавирус се шират сѐ побрзо.

Тој се осврна и на програмата Ковакс, покрената од Светската здравствена организација за да се обезбеди вакцините да бидат достапни и за посиромашните, а не само за богатите земји, и ја истакна потребата што е можно побрзо да се вложат колективни глобални напори за да се добијат вакцини во тие земји.

Францускиот претседател борбата против коронавирусот и пандемијата ја нарече „светска војна“ во која не е можно да се победи без руските и кинеските вакцини.

Макрон го пофали американскиот претседател Џо Бајден за поништувањето на одлуката на неговиот претходник Доналд Трамп да ги повлече Соединетите Држави од Светската здравствена организација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести