7.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

„Македонско девојче ечеше во Турција“: Во издание кое остава без зборови Гавазова “растури“ во Истанбул

Најчитани вести

Атрактивната македонска фолкерка Сузана Гавазова која се врати од Шведска и сега на подолго остана да живее во Македонија, покрај бројните настапи летово, најде време и за уживање на неколку атрактивни дестинации во Турција и Грција, ама и да влезе во студио, да ја сними новата песна насловена „Тактика“.

Сузе е динамична жена, предана мајка, сопруга, но и пејачка која не знае за пауза. Овој пат, нејзината работна дестинација беше во Турција, каде повторно се врати, но овој пат да пее и по млаку да ужива, да го дише морето, да ужива во турската традиција, убавиот Босфор…

Па така, таа на Турците им приреди македонска вечер на која се пееше од „Македонско девојче“ до „Павле ми пие“, а се вртеше и оро.

Видеото од атмосферата се најде на Фејсбук и Инстаграм од профилите на пејачката, а таа не само со глас, туку и со стас дополнително ја подгреа атмосферата.

Очигледно дека Истанбул ја освои Сузе, па по настапот стана уште рано за да го долови утрото пред следбениците следбениците.

Прошета по чаршија, а не одолеа ниту на маестралниот турски локум. За Гавазова работата секогаш е споена со уживањето, па оттука не се сомневаме дека од Турција ќе се врати полна со енергија, а Турците повторно ќе побараат да ја слушаат и гледаат оваа наша македонска егзотика./skopje24.mk

Видео од нејзиниот настап во Турција погледнете ОВДЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com