16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Македонски научници дел од тимот што освои прва награда на меѓународна конференција во Англија

Најчитани вести

Македонски тим на научници и инженери, заедно со своите англиски колеги од „Емтек лабс“, се здобија со прва награда за најдобра демострација на иновативна технлогија – паметните очила ОЦОСенс (OCOSense) за време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди „Јубикомп“ (Ubicomp ) и „ИСВЦ“ (ISWC) во Англија.

Се работи за паметни очила, кои преку иновативни сензори и вештачка интелигенција ги препознаат изразите на лицето, а преку тоа даваат информации за емоционалната сосојба и однесувањето на корисникот што ги носи.
Македонскиот тим на научници и инженери што ги создаваат наградените алгоритми за вештачка интелигенција го сочинуваат: д-р Христијан Ѓорески, д-р Мартин Ѓорески, м-р Ивана Кипријановска, м-р Симон Станковски, Филип Панчевски, и Бојан Софрониевски.
– Ова е втора година по ред како „Емтек лабс“ со своите решенија ја добиваат првата награда на конференциите „Јубикомп“ и „ИСВЦ“. Ова научно признание е голема мотивација за нашиот млад, но силен тим на истражувачи за вештачка интелигенција – вели д-р Христијан Ѓорески, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ/УКИМ) и водечкиот научник за вештачка интелигенција во „Емтек лабс“.
Доктор Чарлс Ндука, извршен директор и водечки научник во „Емтек лабс“ вели дека оваа технологија многу ќе помага во медицинската терапија.
– Оваа технологија е првата платформа за препознавање на изрази на лицето, човечки активности, и однесување во светот. Познат како „Фитбит за чувства“, „ОЦОСенс“ наскоро ќе биде достапен за сите истражувачи. Многу корисници ќе имаат корист од можноста за следење на далечина на домашен третман или медицинска терапија, вклучувајќи ги луѓето со депресија, Паркинсонова болест, парализа на лицето, и други слични состојби – вели Ндука.

Целата приказна на македонскиот тим започна со основањето на компанијата „АИДЕА Лаб“ од страна на Христијан и Мартин Ѓорески, и со создавање на иновативна платформа за следење на здравјето со помош на вештачка интелигенција – mAIHealth. Потенцијалот на платформата го препозна англиската компанија „Емтек лабс“, кои се одлучија да ја инкорпориаат платформата, но и целиот тим од Македонија во нивната компанија.
„Емтек лабс“ развива технологија за препознавање емоции и овозможува аналитика во реално време. Очилата ОЦОСенс може да се користат во реалниот свет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com