19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Македонските државјани во Црна Гора без ПЦР тест

Најчитани вести

Македонските државјани ќе може да влегуваат во Црна Гора без негативен ПЦР тест во периодот кој наскоро ќе биде определен, соопштија црногорските власти.

Црногорскиот министер за финансии и социјална помош Милојко Спаиќ вчера информираше дека сите ограничувачки мерки за посета на Црна Гора оваа сезона, вклучително и тестирањето за ПЦР, ќе бидат укинати за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Македонија.

-Задоволство ми е да ве известам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и тестирање на ПЦР, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и С. Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, напиша Спајиќ на својот профил на Твитер, на руски јазик.

Тој рече дека Црна Гора останува безбедна и сигурна дестинација и оваа година.

-Сакам да ги поздравам сите што ќе одлучат да ја посетат Црна Гора, додаде Спајиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести