33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Македонските граѓани на вакцинација и во Бугарија

Најчитани вести

Бугарската клиника „Комак Медикал“ од денеска започнува со вакцинација и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“. Најавуваат дека никој нема да биде вратен.

Македонските граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат и во соседна Бугарија. Ваквата можност ја најави бугарската агенција БГНЕС, која објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на сите македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид-19.

Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за ДВ потврдуваат дека вакцинацијата ќе започне денеска во 14 часот. Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница.

Нема прецизни информации колкава количина на вакцини ќе бидe ставенa на располагање на македонските граѓани, но според информации од преставништвото во Скопје, станува збор за ограничена количина на вакцини од „Фајзер“ и „Модерна“. Но, оние коишто ќе изразат желба ќе можат да се вакцинираат и со „АстраЗенека“ за којашто се обезбедени поголеми количини вакцини за имунизација.

„За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на Комак Медикал во Софија и Скопје, како и контактите на фондацијата Бугарска Памет“, ја пренесуваат бугарските медиуми изјавата на д-р Милен Врабевски, претседател на фондацијата. Тој додава дека сертификатите ќе се издаваат само со матичен број и бугарски пасош, но никој што сака да се вакцинира нема да биде вратен.

Од преставништвото во Скопје објаснуваат дека заинтересираните граѓани ќе треба најпрво да се пријават во пунктот за вакцинација во Софија, коишто прават листи за имунизација, по што ќе бидат известени за термините за вакцинирање.

Бугарските медиуми наведуваат дека д-р Врабевски е познат филантроп во Бугарија и во С. Македонија. Компанијата со којашто раковиди има претставништа во повеќе земји во регионот, а во Скопје е присутна од 2005 година со клинички испитувања на лекови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести