Home » Македонскиот филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски во Босна

Македонскиот филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски во Босна

by Журнал.мк

Под отворено небо, на најголемото филмско платно во сараевски Стари град, Македонскиот филм „Кајмак“ беше прикажан на сараевскиот филмски фестивал. Дел од актерите со режисерот Манчевски, продефилираа на црвениот килим на фестивалот, еден од позабележителните во регионот, а до септември следи американска премиера и учество на уште 4 фестивали. Покрај „Кајмак“ во програмата сè уште 14 филмови.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио, потоа продолжи со турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. И во Сараево, актерите се потсетуваат на филмските клапи.

Филмот „Кајмак“, копродуциран и од Македонската Радио Телевизија, наскоро ќе ја има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Станува збор за промоција на веројатно најголемиот независен филмски фестивал на американскиот континент.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More