7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

МАКЕДОНСКИОТ ДРЕС ДЕЛ ОД СВЕТСКАТА КАМПАЊА „ФУДБАЛ ЗА МИР“

Најчитани вести

„Црвено – жолтиот“ дрес на македонската фудбалска репрезентација е вклучен во светската кампања „Фудбал за мир“, која ја промовира влијателно меѓународно невладино движење со поддршка на Обединетите нации.

Македонскиот дрес, заедно со дресовите на над 80 фудбалски репрезентации од целиот свет, е изложен на „Ванда Метрополитано“ стадионот на кој своите натпревари ги игра шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.

Постановката на мадридскиот стадион е дел од кампањата на дипломатските претставништва, меѓу нив и на македонската Амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот, соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com