7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Македонскиот дипломатски синдикат бара итно повлекување на систематизацијата во МНР

Најчитани вести

Македонскиот дипломатски синдикат денеска преку соопштение побара итно укинување на систематизацијата во Министерството за надворешни работи со која, како што тврдат оттаму, многу дипломати биле деградирани, а многу од нив останале и со „статус кво“ позиции и покрај нивното догогодишно искуство.

„Оваа систематизација претставува Вартоломејска ноќ за македонската дипломатија. Под изговор за потреба од намалување на раководни работни места, повеќе од 30 дипломати се селективно и спротивно на законските прописи деградирани, што е прв системски случај на деградирања од 1991 година. Во професијата во која се потребни десетина години искуство за создавање квалитетни професионални кадри, голем број дипломати преку ноќ се маргинализирани со деградирање на несоодветни позиции. Ваквиот професионален ролеркостер е проследен и со финансиски ролеркостер, имајќи предвид дека раководството на МНР не се погрижило да ги заштити вработените на кои им се намалени платите и придонесите, вклучително и на оние што се пред пензионирање. Поради тоа произлегоа голем број жалби и судски тужби против раководството на Министерството“, пишува во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.

Покрај деградирањата, велат од синдикатот, новата систематизација ги вкопа во статус кво позициите на голем број дипломати кои и по десетина години работа не биле унапредени соодветно на нивното знаење и искуство. Спречувањето на нивниот развој, сметаат, е во спротивност со одредбите на Законот за надворешни работи и делува негативно не само врз нив и нивните кариери, туку и на способностите на целата дипломатија.

Македонскиот дипломатски синдикат исто така бара вклучување во изготвувањето на нова модерна систематизација, која ќе даде придонес во создавањето модерна дипломатија, способна да одговори на современите предизвици. Систематизацијата, според синдикатот, е од интерес и важност за сите вработени на МНР, а не на мал елитен круг дипломати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com