37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Македонка се самоубила фрлајќи се од петти кат на хотел во Падова

Најчитани вести

Бизнисменка од Македонија се самоубила фрлајќи се од петтиот кат на хотел во Падова, Италија, дознава 24 Инфо.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, трагедијата се случила во неделата попладне. Жената, која била на возраст од 58 години, престојувала во хотелот со својот сопруг Македонец, исто така бизнисмен. Двајцата изнајмиле соба во познатиот хотел „Милано’“ во Падова за да го поминат викендот.

Според полицијата, жената чекала сопругот да излезе од собата, па околу 18 часот се фрлила низ прозорецот и паднала на надстрешницата од влезот во хотелот. Веднаш интервенирала полицијата која ја затворила улицата, како и пожарникарите, кои се качиле на покривот, но немало спас за несреќната Македонка.

Како што пренесуваат медиумите, истрагата отфрлила секоја вмешаност на нејзиниот сопруг. Не е познат нивниот идентитет, освен дека по потекло се од Македонија, а живееле во друг дел на Италија.

Од истрагата било утврдено дека жената неколку години патела од депресија, а сопругот, за да ја орасположи ја носел со себе на службените патувања. Така било и викендов, но тој трагично завршил за сопружниците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести