18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Македонка воодушеви со настапот во „Никогаш не е доцна“

Најчитани вести

Емилија Марковиќ од Скопје имаше одличен настап во последната емисија од шоуто „Никогаш не е доцна“. 43-годишната Емилија ја испеа „Море сокол пие“ и откри дека ѝ се исполнил еден од најголемите сонови, да пее на голема сцена. Таа доби пофалба од жирито, и за пеењето и за изгледот.

„Никој не дошол од Македонија, а да не знае да пее. Браво за вас“, ѝ рече Џенан Лончаревиќ, кој беше во жирито.

Во жирито беше и водителката на ТЛЗП Марија Килибарда. Таа ја пофали Емилија, но ѝ рече и дека е воодушевена од нејзината придружба.

„Ема, сакам да ви кажам дека имате прекрасна поддршка. Јас од време на време погледнував во сопругот и децата и од нив најверојатно добивате енергија. Изгледате многу елегантно, имате прекрасен стил и многу сте женствена. Бевте прекрасни, ви благодарам“, рече Марија.

Емилија не помина директно во следниот круг, но по онлајн гласовите и гласовите на „Фејсбук“, публиката одлучи таа да се натпреварува и во вториот круг.

Настапот на Емилија погледнето го на 23:04.

Текстот  Македонка воодушеви со настапот во „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com