17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Македонија ќе испрати воен претставник во НАТО по реветингот

Најчитани вести

Македонија конечно ќе испрати воен претставник во седиштето на НАТО дури откако ќе направи интерен реветинг на офицерите, потврди синоќа на телевизија Радмила Шекеринска, министерката за одбрана.

Вакво објаснување даде министерката, откако опозициски претставници објавија дека Алијансата немала доверба во голем број потенцијални претставници кои биле номинирани од македонската страна. Шекеринска истакна дека прво е важно реветингот да заврши, па дури потоа да се донесе одлука за испраќање воен преставник во НАТО.

– Навистина сакаме да направиме избор од најдобрите можни кандидати. Ние можеме да испратиме воен преставик дури и без процедура. Во принцип сакам да правиме процедура на интерни огласи, да можат да конкурираат луѓе, ама условот ќе биде да имат веќе потврден НАТО сертификат. Кога ќе ги завршиме трите приоритетни групи коишто НАТО веќе ги доби како листи, тогаш ќе направиме најдобар избор за да не се ставиме во ситуација воениот преставник да биде избран, а тој да не може да замине. Во принцип изборот е секогаш таков, вие можете да го изберете, но ако се уште не е издаден сертификатот тој ќе седи дома, рече Шекеринска.

За кандидатот Зоран Секуловски, за кој НАТО не даде зелено светло да ја преставува Северна Македонија во Алијансата, таа рече дека во моментот кога го правеле изборот тој имал НАТО сертификат, но пред НАТО членството.

– Одреден број на луѓе имат сертификат. Би било погрешно ние да го импровизираме процесот кој треба да го спроведуваме заедно со НАТО, а тој процес можеме да го почнеме само тогаш кога сме веќе членка. На кандидатот Секуловски не му се ресертефицира НАТО сертификатот. Делот од причините во секоја држава се инсистира да остане во рамките на службите, освен ако нема нешто за што би требало да се алармират надлежните. Ние досега не сме имале таков случај. За ниту еден ние немаме сигнал дека е констатирана некаква злоупотреба, недозволени контакти, незаконска работа за кој би им бил одземен или одбиен сертификатот, рече министерката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести