Романската фудбалска репрезентација ќе биде првиот противник на Македонија во квалфикациите за Светското првенство во Катар.
Денес федерацијата одлучи на кој стадион Романија ќе ја пречека нашата селекција во март. „Илие Оана“ ќе биде местото каде Игор Ангеловски и неговите избраници ќе бркаат први бодови во групната фаза.
Мечот се игра на 25 март со почеток од 20:45 часот. Реваншот е закажан за 9 септември во Скопје во истиот вечерен термин.
Во групата Ј уште ќе се надигруваат Германија, Исланд, Лихтенштајн и Ерменија.