27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Македонија се задолжи 700 милиони евра за да врати 500 милиони од 2014 година

Најчитани вести

Земјава вчера се задолжи за да се раздолжи. МФ издаде осма по ред еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Од нив 500 милиони се за исплата на еврообврзницата од 2014 година, останатите за тековни буџетски расходи, меѓудругото и за вакцини и лекови. Министерот Бесими вели дека инвеститорите имаат доверба во Македонија затоа што интересот за еврообврзницата вчера бил голем, 130 меѓународни инвеститори нуделе да и позајмат на земјава дури 1,6 милијарди евра. Ова довело до најниската камата досега од 1.625%. Доспева за враќање за седум години.

Наплатата на буџетските приходи оди добро и се враќа на нивото од пред корона кризата, министерот вели дека економијата заздравува. Дали тој тренд ќе продолжи со оглед на тоа дека вакцината ќе стигне дури во вториот квартал од годината, министерот вели дека ризици постојат и состојбата се следи.

Вчерашното задолжување е прво поголемо годинава, а нема да биде последно. Дупката во буџетот ќе 80 милиони од Европската комисија, 82 милиони за проекти и плус уште 300 милиони евра од македонските банки.

На задолжувањето реагира и опозицијата. Велат дека најавените задолжувања на домашниот пазар се причина за одлуката на НБРМ да забрани исплата на дивидена кај банките.

„Ќе се согласиме, дека задолжување е неопходно, но за конкретни проекти. Потребно е за изградба на автопатити, железници – хидро и солрани централи, за изградба на скијачки центри… Но зошто се задолжува Владата на Заев? За некој автопат? За железница? Не – туку само за едноставен поткуп на гласачите пред избори. Нема проекти, нема идеи“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести