-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Македонија сака да продолжи традицијата – Скопје да остане неосвоиво за Словенија! (ВИДЕО)

Најчитани вести

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе ја пречека Словенија (20.45 часот) во битка за трета победа во квалификациите, со која би останала во трката за директен пласман на Евро 2020, а ова ќе биде шести меѓусебен меч, а трет во Скопје.

Македонија има подобар биланс од Словенија со три победи, реми и еден пораз. Словенија за Македонија има посебно значење поради историскиот прв меч и победата со 4-1 во Крањ пред 26 години (за три дена ќе се прослави јубилејот), но тоа што цела македонска фудбалска јавност посакува е утре да продолжи традицијата на домашен терен, кога веќе пред три години ја расипавме серијата со минималниот пораз во Копер (0-1) во пресметите со „змајчеките“.

Македонија има две победи од вва меча дома и идеално би било таа победничка серија да продолжи и утре. Првпат во Скопје игравме на 23 март 1994 година, пред веќе две ипол децении, кога Жарко Серафимовски и Зоран Бошковски за 20 минути ги решија Словенците пред 20.000 гледачи.

Македонија тогаш играше со Трајчев, Јовановски, Стојковски, Канатларовски, Б. Ѓуровски, Марковски, Серафимовски, Георгиевски, Бошковски, Мемеди и Мицевски, предводени од легендарниот Андон Дончевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com