7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Македонија против Бугарија: Сега е наш ред, европски да ги пречекаме Бугарите

Најчитани вести

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар, во овој циклус во Лигата на нации. Македонија во Скопје ќе ја пречека Бугарија. Овие две селекции се сретнаа на 2.јуни, во Разград натпреварот заврши 1:1.

Македонија и Бугарија и во следниот циклус ќе се натпреваруваат во Ц-дивизијата во Лигата на нации, промоција во Б-дивизијата избори Грузија. Натпреварот во Скопје ќе реши која репрезентација ќе го освои второто место.

Македонија со победа и реми ќе остане на втората позиција. Бугарија само со триумф може да дојде до второто место во Групата 4.

„Би сакал да истакнам дека Македонија имаше одличен прием во Разград, за тоа таму јас и јавно се заблагодарив, немаше свирежи на химната, немаше инциденти. Верувам, посакувам, така да биде и во Скопје. Што се однесува до натпреварот, Македонија оди на победа, се надевам дека ќе го добиеме тоа што го заслуживме со играта и во Тбилиси против Грузија. Сега Бугарија има нов селектор со нова филозофија на игра и многу нови фудбалери. Тоа можеби е мал проблем, но секако ние сме фокусирани на нашата игра“, изјави селекторот Благоја Милевски.

На оваа тема се огласи и капитенот на националниот тим Стефан Ристовски.

„Добредојдовте во Македонија…Сега е наш ред…Европски да ве пречекаме…“, објави Ристевски.

Натпреварот Македонија-Бугарија во Скопје ќе започне во 20.45 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести