14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Македонија првпат по 13 години ќе настапи без браќата Стојановски!

Најчитани вести

Македонската кошаркарска репрезентација во периодот помеѓу 12 и 18 август ќе настапи во претквалификациите за СП 2023 и тоа против Словачка и Швајцарција на турнир во Скопје, што дефинитивно може да се нарече почеток на нова ера со оглед што по 13 години во жолто-црвениот состав ќе нема барем еден од браќата-близнаци Стојановски.

Војдан нема да настапи на августовските средби првенствено поради тешката повреда на коленото, поради која ќе биде надвор од теренот до крајот на годината, додека Дамјан реши да го искористи летото за одмор по напорната сезона. Ова ќе бидат први средби на националната селекција по повеќе од една деценија без барем еден од нив двајца во селекција, со што дефинитивно заврши периодот на генерацијата што во 2011 дојде до историското четврто место во Литванија.

Војдан Стојановски првиот настап во дресот со светиот грб го забележа во 2008 година, во квалификациите за континенталниот собир следната сезона во Полска, додека Дамјан се најде во тимот на првенството на кое Македонија се врати на голема сцена по десетгодишно отсуство. Со оглед на нивната возраст (34 години), но и желбата и најавите на раководството на КФМ за подмладување на репрезентацијата, тешко може да се очекува нивно враќање во жолто-црвениот дрес, особено што и двајцата имале сериозни повреди на колената.

Со оглед на отсуството на двајцата најдобри во последните години, селекторот Драган Бајиќ ќе има сериозна задача да склопи тим кој ќе се крене од дното и да го почне искачувањето на европската сцена на височини на кои бевме пред само десетина години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести