12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Најчитани вести

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО, на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка на Алијансата. Нашата земја ќе ја претставува премиерот, Зоран Заев.

„Во Брисел се одржува првиот Самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Рамо до рамо со нашите сојузници, сме целосно посветени на колективната безбедност. Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни!“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Лидерите на 30. земји членки ќе разговараат за иднината на Алијансата и нејзините предизвици. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе им претстави на лидерите низа предлози во однос на безбедноста и одбраната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com