4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Македонија од денеска на Дубаи ЕКСПО

Најчитани вести

Под мотото „Нови можности” и под слоганот „Дом на секој чекор” оваа година Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО, објави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук”.

– Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото културно наследство и етничката разновидност, напиша Османи.

Шефот на дипломатијата додава дека Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари 2022, кога ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности.

– Придобивките од учеството на Дубаи ЕКСПО 2020 се повеќедимензионални: подигнување на видливоста на Македонија во светски рамки; креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот; привлекување странски инвестиции, олеснување на пристапот до профиталбилни светски пазари, наведува Османи.

📍Северна Македонија од денес на Дубаи ЕКСПО! Под мотото “Нови можности” и под слоганот "Дом на секој чекор” оваа…

Posted by Bujar Osmani on Thursday, September 30, 2021

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com