Македонија на чекор од членство во НАТО, се чека уште Шпанија

    0

    САД го депонираше ратификуваниот пристапен протокол за зачленување на Северна Македонија во НАТО, кој американскиот сенат го ратификуваше на 22. октомври.

    Северна Македонија од членство ја дели само уште ратификацијата на пристапниот протокол во шпанскиот парламент, каде работите се одолговлекоа поради изборите и составот на новата влада.

    Државниот секретар на САД Мајк Помпео на својот Твитер профил соопшти дека САД го депонираа ратификуваниот протокол.

    „Еден чекор поблиску до приемот на Северна Македонија како 30. сојузничка на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија.