17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Македонија на романската „црвена ковид листа“

Најчитани вести

Романиja ja ажурираше „црвена листа“ на земји или области со висок епидемиолошки ризик од ковид-19 и таа стапува во сила на 5 септември. Според новата листа што ја состави романскиот Национален центар за надзор и контрола на заразни болести на црвената листа се најде и Македонија поради највисоката кумулативна стапка на инциденција на „Ковид-19“.

На романската „црвена листа“ се и Србија, Црна Гора, Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.

По падот на бројот на евидентирани нови случаи со ковид-19 на „жолтата листа“ се селат Шпанија, Лихтенштајн и Мароко. Со зголемување на инциденцата, Норвешка, Австрија, Босна и Херцеговина, Луксембург, Виетнам и Обединетите Арапски Емирати се преселија во „жолтата зона“, додека Финска, Малта, Андора влегоа во „зелената зона“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com