Статистиката вели дека македонските фудбалери направиле најмногу фаули во првото коло од Европското првенство.
Статистичарите изброиле дека Македонија направила 16 фаули на мечот со Австрија. Овој натпревар е и мечот со најмногу прекршоци на првенството досега, вкупно 29.
По Македонија, следуваат Португалија и Полска со по 15 фаули, Словаците и Австријците имаат по 13.
Нашиот следен противник, Украина, направила само осум фаули на мечот со Холандија.