Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина ќе го потпишат договорот за развој на интерконекцијата за природен гас меѓу двете земји, објави МИА, повикувајќи се на извори од двете страни.
Премиерот Зоран Заев учествува на конференцијата на „Економист” во Атина и ја предводи македонската делегација.