4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Македонија и Грција утре ќе го потпишат договорот за интерконекторот за природен гас

Најчитани вести

Надлежните министри од Македонија и Грција, утре во Атина ќе го потпишат договорот за развој на интерконекцијата за природен гас меѓу двете земји, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина, извори од двете страни.

Премиерот Зоран Заев денеска и утре учествува на конференцијата на „Економист” во Атина и ја предводи нашата делегација, во која е и министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас, утре ќе го потпишат договорот.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека не е планирана средба на премиерите на Грција и Македонија на маргините на конференцијата на „Економист”, а во однос на потпишувањето повтори дека Атина ги поддржува еконoмскиот развој и регионалната стабилност и преку билатералните договори.

-Грција секогаш е за интеграција на нашите соседи од Западниот Балканот во Европската Унија, под поставените услови и секогаш поддржува економски развој и регионална стабилност и преку билатерални договори, рече Пелони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com