13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Македонија и Австрија ќе станат првите држави во Европа со електронски идентитет на банкарски картички Mastercard

Најчитани вести

Северна Македонија е на пат да стане првиот пазар во Европа што ќе работи со услугата „Електронски идентитет“ (eID) на банкарските картички Mastercard. Иновативната услуга ќе биде пилот проект за цела Европа, започнувајќи за прв пат во нашата земја и во Австрија, и ќе ја развива Mastercard во соработка со Evrotrust.

Управниот одбор на УНИБанка во централата во Скопје се состана со вишиот потпретседател Digital Identify на Mastercard г-н Чарлс Волтон, регионалниот директор на Mastercard за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово г-ѓа Вања Манова и г-н Георги Димитров, член на одборот на директори на Evrotrust. На средбата се разговараше за можностите за идна соработка и имплементација на иновативната услуга на македонскиот пазар.

Со eID, бизнисот и корисниците ќе имаат уште поголема безбедност, овластувајќи ја секоја извршена трансакција со својот автентичен електронски идентитет.. Новиот проект ќе понуди нови перспективи на македонскиот банкарски пазар, а главната цел на Mastercard, во соработка со Evrtotrust и регионалните банки, e да предложи глобално решение за eID. Проектот ќе ја олесни дигиталната трансформација на бизнисот, владата и општеството со претставување на сигурна, лесна за употреба и целосно компатибилна услуга за оддалечена идентификација преку технолошки решенија од најновата генерација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com