Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Швајцарија со гол од пенал во последните секунди (31-32) и до крајот на Европското првенство (ЕП) ѝ останува уште еден меч во битка за 15. место.
Македонија имаше добар старт на мечот и водство од 4-2, по што се играше гол за гол, а на полувреме Швајцарија го сврте мечот во своја корист и замина со водство од 15-14.
Натпреварот беше неизвесен од почетокот на второто полувреме, а во завршницата Македонија поведе со три гола разлика (29-26), но Швајцарија влезе во одличен ритам и на крајот ја расплака нашата репрезентација.
Младеновска беше најефикасна кај Македонија со девет гола, додека пет погодоци постигна Трпеска.
Македонија ќе игра уште еден меч на ЕП за 15. место против поразениот од дуелот меѓу Португалија и Исланд.