-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Македонија една од земјите со најголемо поскапување на метанот

Најчитани вести

Метанот од почетокот на годинава има енормно поголема цена – 110 денари за килограм, што предизвика и барање од ЈСП Скопје на субвенции од Владата.

Според Фуело.нет, ако се споредат цените на ЦНГ, компресираниот природен гас, или популарно наречен метан, кај нас со други земји, поскапувањето е меѓу највисоките, односно за цели 136,5 отсто за само еден месец (до Нова година чинеше 46,5 денари за килограм).
Цената на ЦНГ во Србија, според оваа интернет страница, е непроменета – килограм метан таму чини 94,5 српски динари, или повеќе од двојно поевтино отколку во Македонија. Во Бугарија ЦНГ покапе изминатиот месец за 12,9 отсто, од 2,48 лева на 2,8 лева за килограм, во Словенија за минимални 1,9 отсто, од 0,927 на 0,945 евра за килограм, во Грција цената на ова еколошко гориво остана иста – 0,837 евра за килограм, исто и во Холандија (1,031 евро) и во Швајцарија 1,49 швајцарски франци…

Позначајни поскапувања имало во Австрија, 15,63 отсто (од 1,043 евра на 1,206 евра за килограм), во Турција за 62,55 отсто, од 5,02 на 8,16 турски лири итн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com