20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Маж загина во сообраќајна несреќа – му се слошило и излетал со возилото

Најчитани вести

Педесет и двегодишен маж со иницијали Ш.Ј., од тетовски Копачиндол, загина во сообраќајна несреќа.

Од полицијата соопштија дека несреќата се случила вчера попладне на автопатот Тетово-Скопје . На мажот му се слошило и со автомобилот излетал од коловозот.

По незгодата тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница каде лекарите констатирале смрт.

Во автомобилот се превезувало уште едно лице од истото село кое завршило во болница со телесни повреди.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести