-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Маж во Канада претепал медицинска сестра откако ја вакцинирала неговата сопруга

Најчитани вести

Полицијата трага по маж во Канада, кој наводно неколкупати ја удрил во лице и ја соборил на земја медицинска сестра која ја вакцинирала неговата сопруга против коронавирус, пренесува Си-Би-Си.

– Вчера околу 9:15 часот по локално време, еден човек влезе во аптека во Шербрук, град во јужниот дел на Квебек, и обвини медицинска сестра, која полицијата не ја именуваше, дека ја вакцинирала неговата сопруга, изјави портпаролот на полицијата Мартин Кариер за Си-Ен-Ен.

Осомничениот бил многу лут и агресивен и ја прашал медицинската сестра зошто ја вакцинирала неговата сопруга (возрасна жена) без „негово одобрување“.

– Ја удри повеќе пати, таа паднала на земја, а осомничениот избегал од аптеката, рече Кариер.

Медицинската сестра потоа била пренесена во болница каде и била дадена помош поради повеќекратни повреди на лицето.

Во Канада нема закон согласно кој е потребно одобрение од сопружник за вакцинирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com