9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

Мажот ѝ давал месечна плата за да биде домаќинка: Заработила 191.565 долари за една година!

Најчитани вести

Таа вели „не е лошо“, другите жени полудеа – запознај ме со неговите пријатели!

Во повеќето земји во Светот, жените сè уште работат многу повеќе домашни работи отколку мажите. И, се разбира, тие не се платени за тоа.

Но, секогаш има исклучоци, па една млада жена се пофали дека нејзиниот сопруг ѝ плаќа за одржување на куќата.

Таа на својот TikTok напиша дека има 26 години, дека се омажила минатата година и дека нејзиниот сопруг ѝ плаќа одредена сума пари секој месец за да биде домаќинка и да ја одржува куќата.

После тоа, таа објави фотографија од салдото на сметката, на која се гледа дека има 191.565,11 долари.

„Не е лошо“, напишала жената покрај фотографијата, додавајќи дека тоа навистина  било убаво од страна нејзиниот сопруг.

Нејзината објава привлече големо внимание на социјалните мрежи, а жените претежно имаа пофални зборови за нејзиниот сопруг, нагласувајќи дека тоа е вистинска реткост.

„Запознај ме со неговите пријатели“, напишала една девојка, а многумина ѝ рекле дека „не секој има таква привилегија да се плаќа за домашни работи“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести